Жена се породила во авион – не знаела дека е бремена?
Патничка се породила во авионот за Амстердам без да знае дека е бремена.
Kaко што јавува ДПА, патувајќи со Royal Dutch Airlines од Еквадор до Амстердам, Холандија, минатата недела, жената доживеала неочекувани болки во стомакот. Таа отишла во тоалет и по неколку контракции роди момче. Како што велат од холандската болница, жената не знаела дека е бремена, прецизираат агенциите.
Во авионот патувале двајца лекари и медицинска сестра од Австрија кои пружиле лекарска помош. Холандската болница „Spaarnse Gasthuis“, каде што жената и детето се примени по слетувањето на авионот, известиле дека бебето го добило името по еден од оние кои помогнале мајката да се породи – Максимилијан.
Издадени се потребните документи, а мајката можела да го продолжи патувањето до Мадрид.