Европската комисија предложи нов – деветти пакет санкции против Русија
За санкциите да стапат на сила потребна е едногласна поддршка од сите 27 земји-членки на Европската Унија, но повеќето од мерките предложени во првите осум пакети беа одобрени од Европскиот совет во рок од неколку недели, а некои беа отфрлени или редуцирани
Европската комисија (ЕК) предложи нов – деветти пакет санкции против Русија како одговор на инвазијата на Украина, јавуваат агенциите. Со новиот пакет санкции ќе бидат опфатени дополнителни 200 поединци и ентитети.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен рече дека се залага за нови санкции против уште три руски банки и нови извозни контроли и ограничувања, особено за стоки со двојна употреба, како што се хемикалии, нервни агенси, електроника и ИТ-компоненти.
„Русија продолжува да носи смрт и уништување во Украина и намерно гаѓа цивили и цивилна инфраструктура, настојувајќи да ја парализира земјата на почетокот на зимата“,
рече Фон дер Лајен за предложениот нов пакет санкции.
За санкциите да стапат на сила потребна е едногласна поддршка од сите 27 земји-членки на Европската Унија, но повеќето од мерките предложени во првите осум пакети беа одобрени од Европскиот совет во рок од неколку недели, а некои беа отфрлени или редуцирани.
Осмиот пакет беше одобрен на 5 октомври и вклучуваше повеќе трговски ограничувања и таргетираше повеќе поединци.
Фон дер Лејен рече дека новите поединци и ентитети предложени на списокот со санкции ги вклучуваат руските вооружени сили, како и поединечни офицери и одбранбени индустрии, членови на Думата (парламентот на Руската Федерација), министри, гувернери и политички партии.
Russia continues to bring death and devastation to Ukraine.
We stand by Ukraine and we are making Russia pay for its cruelty
The existing 8 packages of sanctions we introduced so far are already biting hard.
Today we are stepping up the pressure on Russia with a 9th package↓ pic.twitter.com/vWX7fkqZp0
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) December 7, 2022
„Овој список ги опфаќа клучните личности во бруталните и намерни ракетни напади на Русија врз цивили, во киднапирањето на украински деца во Русија и во кражбата на украинските земјоделски производи“,
вели претседателката на ЕК.
Комисијата, исто така, предложи санкции против уште три руски банки, вклучително и целосна забрана на трансакциите во Руската банка за регионален развој „за дополнително да се парализираат банкоматите на Путин“.
Комисијата соопшти дека дополнително има за цел да го ограничи пристапот на Русија до беспилотни летала и да го забрани директниот извоз на дронови во Русија и во која било трета земја, како што е Иран, кои би можеле испорачуваат дронови на Русија.
The post Европската комисија предложи нов – деветти пакет санкции против Русија appeared first on 360 степени.