Дали Приштина подготвува окупација на северно Косово?
Според српските власти, Приштина подготвува окупација на северно Косово.
Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска изјави дека Приштина „со незаконски и насилни дејствија подготвува окупација на северот на Косово и Метохија и создава простор за насилно наметнување“ на одржување на избори.
На средбата со шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Косово, Мајкл Девенпорт, Петковиќ наведе дека косовската полиција вчера го конфискувала виното во Велика Хоча, а го спомена и влегувањето на вооружена полиција во градинката во Лепосавиќ и меѓу 300 и 350 полицајци во северниот дел на Косовска Митровица.
Но, косовската страната тврдеше дека имало поплаки од Албанците од тие делови дека не се чувствуваат безбедно.
Во Косово никогаш веќе нема да има српска војска и полиција, вели косовската претседателка, Вјоса Османи.
На Косово маскирани лица нападнале новинарски екипа. Припадник на косовската полиција е ранет во синоќешниот вооружен напад врз полициска патрола во селото Србовац, во општина Звечане, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.