ДАЛИ Е УБИЕН ПОЗНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР ВО КАТАР? Брат му не верува дека само му се слошило на натпреварот Холандија-Аргентина
Угледниот
американски фудбалски новинар почина синоќа во Катар за време на
четвртфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Аргентина и Холандија,
пишува BBC.
Грант Вол, кој
имаше 48 години, ненадејно се онесвести додека го гледаше драматичниот
четвртфинален судир кој заврши со пенали. Првичните информации укажуваат дека
причина за смртта би можел да биде срцев удар, но тоа се уште не е официјално
потврдено.
Неговиот брат
сепак изјави дека е тој е убиен бидејќи
Вол на натпреварот САД – Велс се обиде да влезе на стадионот со маица на
која имаше беџ на ЛГБТ заедницата.
„Поради мене
носеше дрес со ЛГБТ знаме на Светското првенство. Не верувам дека брат ми почина,
сигурен сум дека е убиен, изјави Ерик Вол на твитер.
Absolutely bone chilling stuff
Soccer journalist Grant Wahl who was kicked out of a stadium in QATAR for this shirt has reportedly collapsed and passed away during the Argentina game today
His brother says on Instagram that Grant was fully healthy & believes there’s foul play pic.twitter.com/t47C2XfuVl
— JACK SETTLEMAN (@jacksettleman) December 10, 2022
Минатиот месец новинарот
беше накратко приведен во Катар затоа што се обиде да влезе на стадион носејќи
знаме со виножито како поддршка на ЛГБТ луѓето.
Фудбалската
асоцијација на Соединетите Американски Држави објави дека сите во
организацијата се „скршени“ од тажната вест.
„Фудбалските
фанови и обожавателите на врвното новинарство знаат дека отсекогаш сме можеле
да сметаме на Грант да испорача забавни и проникливи приказни за фудбалот и
неговите протагонисти“, се вели во соопштението.
Селин Гаундер,
сопругата на Вол, на Твитер напиша дека е „тотално шокирана“ и благодарна за
поддршката од пријателите.
Џани Инфантино,
претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), рече дека љубовта на
Вол кон фудбалот е огромна и додаде дека неговото известување ќе им недостига
„на сите што го следат фудбалот“.
Портпаролот на
катарскиот комитет задолжен за планирање на Светското првенство изјави:
„Длабоко сме
тажни поради смртта на американскиот новинар Грант Вол.
„Тој беше познат
по својата неверојатна љубов кон фудбалот и Светското првенство во Катар беше
осмо Светско првенство во неговата кариера.
Инаку, според
првичните информации му се слошило во прес-ложата на стадионот Лусаил на
натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија. Веднаш му била укажана помош и под
придружба на лекар бил префрлен во болницата Хамад.
Организаторите
изјавија дека се во контакт со американската амбасада и локалните власти за да
се осигураат дека процесот на извлекување на телото е во согласност со желбите
на семејството.