Група луѓе убиле Чеченец кој бил критичар на Кадиров
Познат чеченски блогер и критичар на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е убиен во Шведска.
Станува збор за Тумсо Абдурахманов. Дека е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Група луѓе го убиле. Покрената е истрага за ова убиство, јавува Некста. Абдурахманов, жесток критичар на чеченскиот лидер Кадиров, живеел во Шведска и претходно бил цел на неуспешен обид за атентат. Кадиров е во фокусот на јавноста откако почна војната во Украина. Тој ги критикуваше руските генерали дека се благи во Украина. Дури го советуваше рускиот претседател Владимир Путин да употреби нуклеарно оружје со помала моќност, но тоа не се случи и од Кремљ му одговорија дека не е време да се реагира со емоции.
Институтот за војна тврди дека со офанзиви Украинците ќе настојуваат да ги запрат руските сили.
Фото: Al Jazeera