Главен град од пеколот: Банди зазедоа 60 проценти од метрополата, масовно убиваат, силуваат и киднапираат
На Хаити работат бандите, а не државата. Премиерот Ариел Хенри не може да дојде ниту до неговата канцеларија, бидејќи вооружените групи ја контролираат областа. Во предградието од средната класа Делмас 83, репортерите на Би-би-си забележале чаури расфрлани низ тротоарот, ишаран сив џип удрен во ѕид, пушка АК-47 на подот. Киднаперите побегнале пеш, а еден од нив оставил трага од крв. Полицијата го фатила и го убила во споредна уличка
Ривалските банди го поделија главниот град на Хаити, киднапирајќи за откуп, силувајќи и убивајќи во нивниот дел од Порт-о-Пренс. Границите можеби не се видливи, но треба да ги знаете, бидејќи од тоа може да зависи вашиот живот, пишува Би-би-си.
Градот е поделен на зелена, жолта и црвена зона. Зелената значи дека нема банди, жолта – може да биде безбедна денес, но смртоносна утре, додека црвената означува ограничена област. Зелената зона се намалува.
Според локалните групи за човекови права, вооружени групи тероризираат најмалку 60 отсто од главниот град и неговата околина. Тие го опколиле градот и ги контролираат пристапните патишта. Само до јуни, според ОН, биле убиени речиси 1 000 луѓе. Од јуни до септември, уште 1 377 луѓе се убиени, ранети или исчезнати.
Хаити е во хаос, претседателот Џовенел Мојс беше убиен во неговиот дом во јули 2021 година. Полицијата ги обвини колумбиските платеници, дваесет од нив беа уапсени, но никој не беше осуден. Нема функционален парламент, премиерот Ариел Хенри има мала поддршка. Според ОН, речиси половина од населението, околу 4,7 милиони Хаиќани, се соочуваат со глад.
Колерата се врати, но најголем проблем се бандите. Новинарите на Би-би-си престојувале во хотел во центарот: таму живеат и околу 50 вработени во хотелот, бидејќи им е премногу опасно да си одат дома. Тие ретко излегуваат откако ќе се стемни. Менаџерот вели дека никогаш не го напушта хотелот. Годинава до октомври биле киднапирани 1 107 лица. Повеќето од нив остануваат живи доколку роднините го платат откупот, од 200 до 1 милион долари. Мажите се тепани и мачени со запалена пластика, додека жените и девојчињата се силувани, вели Гедеон Жан од Хаитинскиот центар за човекови права, пренесува Јутарњи.хр.
Врска со политиката
На Хаити работат бандите, а не државата. Премиерот Ариел Хенри не може да дојде ниту до неговата канцеларија, бидејќи вооружените групи ја контролираат областа. Во предградието од средната класа Делмас 83, репортерите на Би-би-си забележале чаури расфрлани низ тротоарот, ишаран сив џип удрен во ѕид, пушка АК-47 на подот. Киднаперите побегнале пеш, а еден од нив оставил трага од крв. Полицијата го фатила и го убила во споредна уличка.
Во друг дел од градот, 42-годишниот бизнисмен Франсоа Синклер изјавил дека му рекол на својот возач да се заврти веднаш штом слушнал пукање и видел вооружени лица како запреле друг автомобил пред него. Додека се обидувале да побегнат, го погодил куршум: има прострелна рана на раката.
Политичарите, и од опозицијата и од власта, отсекогаш биле поврзувани со вооружени банди, кои главно се базирани главно во сиромашните населби со голем електорат. Но, од изборите во 2011 година, тие односи станаа институционализирани, изјави за Би-би-си Џејмс Бојар, професор на Универзитетот во Хаити. Активистите велат дека на Хаити има околу 200 вооружени групи, а повеќе од половина се во главниот град.
Многумина соработуваат со полицијата: полицаец на службена работа може да заработи само 300 долари месечно, па за некои тоа е прашање на преживување, а не на избор.
Под креветот
Триесетгодишен маж го споделил своето искуство со новинарите на Би-би-си. Истрелите се приближувале, па и рекол на жената да си оди. Меѓутоа, напаѓачите веќе дивееле низ населбата, па парот се вратил дома.
„Бев толку исплашен што се тресев. Не знаев што да правам. Тие убиваат претежно млади мажи. Жена ми ме скри под креветот и ме покри со куп алишта“,
рекол тој.
Неговиот братучед се криел во плакарот. Набрзо влегле членови на бандата, ја претепале неговата сопруга и побарале информации за локални членови на бандата. Кога неговиот внук се обидел да избега, тие го застрелале и го убиле.
Тој останал да се крие под креветот.
„Најмногу ме боли што не можев да гледам, но слушнав како тие луѓе ја силуваат мојата сопруга. Ја силуваа, а јас не можев да кажам ништо“.
Потоа им ја запалиле куќата, тој и неговата сопруга со мало дете побегнале во различни правци. Неговата сопруга сега е бремена, а не знаат дали тој е таткото или е еден од напаѓачите. Но, тој вели дека ќе го прифати детето и ќе му даде име.
„Тоа што го издржав беше ништо. Една жена имаше едно дете. Грлото му беше пресечено пред неа“,
изјавил 30-годишникот.
Најмладата жртва на групно силување што ја запознале новинарите на Би-би-си имала 16 години. Таа и нејзиниот братучед биле силувани од истите напаѓачи кои им се заканувале дека ќе ги запалат живи. Девојката била бремена во шестиот месец од бременоста. Нејзиниот сопруг е убиен, по неговото тело се уште се трага.
The post Главен град од пеколот: Банди зазедоа 60 проценти од метрополата, масовно убиваат, силуваат и киднапираат appeared first on 360 степени.