ГЕРМАНИЈА ШИРОКО ЌЕ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ВСЕЛУВАЊЕ: Шолц најави дека земјата во 2070 година ќе има 90 милиони жители
Германскиот
канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека Германија би можела значително да го
зголеми своето население во наредните години, бидејќи владата се обидува да ја
поттикне имиграцијата за да спречи недостиг на работна сила и пензиска криза,
пренесува Ројтерс.
Владата работи на
привлекување странски работници и се проценува дека населението ќе порасне за
седум отсто до 90 милиони до 2070 година, рече Шолц на граѓанскиот форум во
Потсдам, мало населено место веднаш до Берлин, пренесе Ројтерс.
Германската влада
минатиот месец ги договори плановите за реформирање на законите за имиграција,
бидејќи Берлин се обидува да го отвори пазарот на трудот за многу потребните
работници надвор од Европската унија.
Владата рече дека
сака да ја зајакне имиграцијата и обуката за да се справи со недостигот на
квалификувани работници што ја отежнува германската економија во време на
забавување на растот, при што стареењето на населението врши притисок врз
јавниот пензиски систем.
Шолц рече дека
сегашниот раст на населението, делумно поради зголемената имиграција, значи
дека владата нема да ги зголеми пензиските придонеси пред крајот на нејзиниот
мандат во 2025 година.
Германскиот завод
за статистика минатата недела соопшти дека населението оваа година најверојатно
ќе се зголеми за милион, на 84 милиони, поради миграцијата од Украина. Оваа
бројка може да достигне 90 милиони во следните децении, доколку имиграцијата е
висока.