ВУЧИЌ: ЗА НАС ОВА СЕ ДРАМАТИЧНИ ДЕНОВИ, ЗА КОИ НЕМАМЕ ВИНА, само сакаме да го спасиме нашиот народ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утринава со пост на социјалните мрежи повторно апелираше за смирување на ситуацијата во Косово.
Тој ги повикува Албанците и Србите да го зачуваат мирот, да ја смират ситуацијата.
– Ги повикувам Србите на северот на Косово и Метохија да бидат присебни, спокојни, мирни, да не наседнуваат на провокации.
За нас ова се драматични денови, за кои немаме никаква вина, а ако можеме да бидеме мирни поради нешто, тоа е дека совеста ни е чиста.
Но, дури и кога ќе ве напикаат во таков ќорсокак, во ред е, мора да се борите. Ние само сакаме да го спасиме нашиот народ, да останат на нивните огништа – стои во објавата на профилот на Вучиќ на „Инстаграм“.
Фото: Принтскрин/Твитер