Времето денеска: Облачно со повремен локален дожд
Утрово најстудено со -1 степен е на Попова Шапка, а со измерени девет степени во Гевгелија
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утрово најстудено со -1 степен е на Попова Шапка, а со измерени девет степени во Гевгелија
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови следува период на претежно облачно време со релативно високи утрински и дневни температури.
The post Времето денеска: Облачно со повремен локален дожд appeared first on 360 степени.