Во Собрание се дебатира за закон со кој на невакцинирани ќе им се ограничува движењето
Дебатата што требаше да продолжи во рамки на собраниската комисија за европски прашања, откако седницата беше одложена за 14 декември.
Станува збор за расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести, кој го предлага Владата а треба да се носи по итна постапка, бидејќи е со европско знаменце.
Во измените се предлга во случај на појава на заразна болест, предвидена е забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Членот 29 се дополнува со тоа што се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест.
„Со член 10 од Предлогот се дополнува
постојниот член 28 став 6 со нова времена
мерка во случај на епидемија за да се спречи
ширење на заразна болест – забрана на влез во
објекти на лица кои не се имунизирани или не
поседуваат потврда за прележана болест“, се вели во предлогот.
Покрај тоа, Министерството за здравство исто така, ќе може преку примена на технолошки методи да спречи ширење на заразната болест.
Министерството за здравство со овие законски измени ќе може да примени „технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот“.