Во изгорениот автобус немало патници, сообраќајот на патот Охрид-Кичево се одвива по една коловозна лента
Автобусот што вечерва се запали на патот Охрид – Кичево, кај селото Извор, бил без патници и во инцидентот нема повредени лица, информираат од Регионалниот центарот за управување со кризи (РЦУК) – Охрид.
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираа дека на местото сообраќајот бил во целосен прекин и во двата правци речиси половина час, а сега се одвива по една коловозна лента наизменично.
Според информации од СВР Охрид, автобусот бил на „Галеб“ – Охрид, а возачот навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил. Возилото е целосно изгорено, а на местото се екипи на МВР.
При гасењето на пожарот интервенирале две противпожарни екипи од Кичево.
Еве што на Фејсбук вечерва објави Центарот за управување со кризи:
„Од АМСМ известуваат дека од 21:00 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци. Од ТППЕ Кичево интервенираат со 2 екипи при гасење на опожарен автобус. Од РЦУК – Охрид известуваат дека нема повредени лица, односно автобусот бил без патници“,
објави ЦУК.
The post Во изгорениот автобус немало патници, сообраќајот на патот Охрид-Кичево се одвива по една коловозна лента appeared first on 360 степени.