Владата одобрила средства за исплата на долгот за струја на дел од институциите кон ЕВН, се чека одобрение и од Собранието
Ковачевски кажа дека Владата одобрила прераспределба на средства за подмирување на долгот, а како што додаде, предлогот ќе биде доставен до Собранието на одобрение со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции
Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции кон ЕВН кои добија рок до 15 месецов да го исплатат долгот за струја до компанијата.
Тој кажа дека Владата одобрила прераспределба на средства за подмирување на долгот, а како што додаде, предлогот ќе биде доставен до Собранието на одобрение со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции.
Дел од државните институции во земјава, меѓу кои Клиничкиот центар и „Железници – транспорт“ имаа рок од ЕВН до 15 овој месец да го платат долгот за потрошена електрична енергија, во спротивно би биле исклучени од мрежата.
The post Владата одобрила средства за исплата на долгот за струја на дел од институциите кон ЕВН, се чека одобрение и од Собранието appeared first on 360 степени.