„Визер“ укинува летови од Скопје до четири европски дестинации
Нискобуџетниот
авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од
Охрид до четири европски градови.
Авионите на оваа
компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и
линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен, објавува exyuaviation.com
Летовите за Турку
беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.
Освен што оваа
авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати и авиолиниите меѓу меѓу
Шарлeроа во Брисел и Љубљана, Белград и аеродромот Хан во Франкфурт, како и меѓу Тузла и Ваксјо во Шведска.