(ВИДЕО) Оштетени мостови, патишта, згради во поплавите во БиХ и Хрватска
Поплави има во БиХ и Хрватска.
Излевања има на северот на Босна и Херцеговина, а особено тешка е состојбата во Сански Мост, Приједор, Козарска Дубица и Нови Град. Во Сански Мост се излеаја две реки – Блиха и Здена. Лоша е спостојбата во Бихаќ и неговата околина.
Вонредна хидролошка состојба има на подрачјето на сливовите на реките Уна и Сана, пренесува Фена.
Во Приједор оштетени се голем број згради, патишта и мостови поради обилните врнежи и огромно количество вода што не можеа да ја примат колекторите и канализационите мрежи, ја пренесе порталот Радио Сараево изјавата на градоначалникот Слободан Јавор.
Во саботата жупаниските центри 112 Бјеловар, Пожега, Славонски Брод и Осиек имаа повеќе пријави од граѓани за поплавување на подруми и стопански објекти, паднати дрвја, излевање на вода од канали и потоци и поплавување на патишта.
Во саботата вечерта ХАК соопшти и дека снег паѓа во Горски котар, Лика, северозападна и централна Хрватска, а во поголемиот дел од земјата коловозите се влажни и лизгави.
Обилни врнежи се очекуваат и во Македонија.