(ВИДЕО) Зеленски му даде големо интервју на Летерман: Ако Путин умре, војната во Украина нема да продолжи
Водителот го праша украинскиот претседател кои се неговите планови по завршувањето на војната. Ќе останам претседател додека не победиме, а потоа не знам. Не размислувам за тоа во моментов. Би сакал да одам на плажа. Да бидам искрен, Дејвид, само сакам да одам на плажа кога ќе победиме во војната. Јас навистина би сакал да пијам пиво, рече Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е убеден дека војната во Украина автоматски ќе заврши доколку умре рускиот лидер Владимир Путин. Зеленски гостуваше во специјалното шоу на Дејвид Летерман, „На мојот следен гостин не му треба претставување“, кое се снимаше во метрото во Киев, поради што повремено се слушаше звукот на возовите.
Да претпоставиме дека Путин настинал и умре или случајно паднал од прозорец и умрел, дали војната ќе продолжи? Летерман го праша украинскиот претседател. „Не, тогаш немаше да има војна. Авторитарниот режим е ужасен. Постои голем ризик дека сè може да одлучи еден човек“, одговори Зеленски.
„Значи, кога Путин ќе замине, сите институции ќе престанат. Нешто слично се случи и во Советскиот Сојуз. Сè запре. Верувам дека ќе им биде тешко без него. Тие потоа ќе се фокусираат на внатрешната политика, а не на надворешната политика“,
додаде Зеленски за време на интервјуто кое ќе биде објавено на „Нетфликс“, пренесува „Украинска правда“.
Водителот го праша украинскиот претседател кои се неговите планови по завршувањето на војната.
„Ќе останам претседател додека не победиме, а после тоа не знам. Не размислувам за тоа во моментов. Би сакал да одам на плажа. Да бидам искрен, Дејвид, само сакам да одам на плажа кога ќе победиме во војната. Јас навистина би сакал да пијам пиво“,
рече Зеленски.
The post (ВИДЕО) Зеленски му даде големо интервју на Летерман: Ако Путин умре, војната во Украина нема да продолжи appeared first on 360 степени.