(ВИДЕО) Бугарски писател вели дека Бугарите направиле гревови и треба да се извинат на Македонците
Писателот Стефан Цанев минатата недела изјави дека тие имаат големи гревови кон соседната земја и дека е оправдата омразата на Македонците кон Бугарија.
Тој во интервју за бугарската телевизија БНТ, изјави дека темата е многу болна.
„Но има една максима: „При проблем меѓу двајца, ако отстапи послабиот, тоа е пораз. Ако отстапи посилниот, тоа е благородно“. Во Македонија има основа за омраза кон Бугарија“, рече Цанев.
Рече дека најлошо е тоа што го правеле во 1943 година кога ја претставувале фашистичката власт на Германија.
„Тоа дека ние не сме учестувале во Втората светска војна со војска не е точно. Ние учестувавме во окупацијата на Балканскот полуостров со армија од 200.000 луѓе, а со 50.000 војници во Македонија“, истакна Цанев.
Тој кажа дека имало многу убиени и дека тоа е болно, а затоа треба да се извинат. Инаку, новинарот кажа дека Бугарија го тргнало ветото, но македонската страна станала поагресивна.