Вечерва во 360°: Владеење на право на македонски начин – како нелегалното станува „привремено легално“
Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (5 декември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Вечерва донесуваме:
-Додека главна тема во главниот град е кавгата меѓу градоначалничката и приватните превозници, го тестиравме јавниот транспорт во Тетово и во Прилеп: Во Тетово возачот на автобосуот не можеше да застане речиси на ниедна од обележаните постојки бидејќи тие се окупирани од комбиња и други возила;
-Нови детали за изградената и никогаш невселена зграда на државните Електрани на Северна Македонија: Преписката со Министерството за транспорт открива дека објкетот од 17 милиони евра може и никогаш да не биде ставен во употреба;
-Се вратија рампите на диво изградената уличка кај зградата на владината Служба за општи и заеднички работи во центарот на Скопје – дознајте како со правни акробации нелегалното станува „привремено легално“;
-Истражување: Холанѓаните не се против влез на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, во ЕУ, како што се мисли;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.
The post Вечерва во 360°: Владеење на право на македонски начин – како нелегалното станува „привремено легално“ appeared first on 360 степени.