Весниците и оваа година ќе добијат субвенции од државата
Од Владата велат дека парите ќе се користат за печатење и дистрибуција на весниците со цел заштита на плурализмот во областа на медиумите
Печатените медиуми и оваа година ќе добијат пари од државниот Буџет, одлучи Владата.
На денешната владина седница била усвоена Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2022 година.
„Средствата, според предвиденото, ќе се користат за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите, а корисници се печатените медиуми од општ информативен карактер, коишто објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања“,
велат од Владата во чие соопштение не е наведена сумата што ќе ја добијат весниците.
Ваквата мерка за помош на весниците беше презентирана пред пет години и тогаш Владата ја објасни со потребата да се заштити плурализмот во областа на медиумите. Последните две години вкупната сума што ја добија печатените медиуми изнесуваше 30 милиони денари или близу половина милион денари.
The post Весниците и оваа година ќе добијат субвенции од државата appeared first on 360 степени.