Вагнер отвори канцеларија во Србија
Платеничката група Вагнер отвори „центар за пријателство и соработка“ во Србија. Велат дека целта е да зајакнат врските меѓу двете земји.
Руската приватна платеничка воена група со блиски врски со Кремљ, на Telegram објави дека во Србија e формиран нивeн „резидентен културен и информативен центар за пријателство и соработка Орли“, пренесува Danas.rs.
„Идеолог и водач на Центарот е Александар Лисов“, наведуваат на платформата Telegram.
Потсетуваат дека во 2017 година „како резултат на неговите добротворни активности, приштинските власти го вклучиле Лисов во списокот на лица на кои им е забранет влез на територијата на непризнатата Република Косово“.
Ивана Страднер, научен соработник на Американскиот фонд за одбрана на демократијата и експерт за хибридна војна, руска пропаганда и дезинформации кажа дека пред неколку месеци најавила ваков тип на соработка меѓу Русија и Србија.
Инаку, Вагнер групаат војува во Украина. На видео кое беше објавено можеше да се види дека регрутираат затвореници и ветуваат помали казни.
Многу Руси избегаа од Русија и најдоа засолниште во Србија. Тие заминаа во странство за да ја избегнат мобилизацијата. Инаку, неколку српски граѓани загинаа во Украина, борејќи се на руската страна.