„БЕШЕ ПОСЕБНА, ТЕ САКАМ КИРСТИ“: Џон Траволта се прости од актерката која не се избори со ракот
Американската актерка Кирсти Али, двократна добитничка на
Еми, почина на 71-годишна возраст по кратка битка со ракот, соопшти нејзиното
семејство.
Најпозната е по улогата во хумористичната серија „Кафуле наздравје“ од 80-тите и 90-тите години.
„Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна, бестрашна и
сакана мајка почина“, напишаа
нејзините деца.
Ели доби Еми награда за улогата на сопственичка на паб во
популарната серија, а глуми во Star Trek II, The Wrath of Khan, Die Beautiful и
Look Who’s Talking.
Во соопштението на семејството не е наведено од каков вид на
рак боледувала актерката, но се нагласува дека „тај неодамна е откриен“.
Беше опкружена со најблиското семејство, се бореше до крај,
а ни ја остави својата бескрајна радост на живеење и авантура“, се вели во
соопштението на семејството.
Џон Траволта, кој глумеше со неа во „Погледни кој зборува“,
и оддаде почит на социјалните мрежи.
„Имав една од најпосебните врски со Кирсти. Те сакам Кирсти“, Знаме дека че се видиме повторно,
напиша тој на својот профил на
Инстаграм.
ФОТО: Instagram