Бајден му вети дополнителна помош на Зеленски на средбата во Хирошима
Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет воена помош за Украина во Хирошима и му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД прават се за да ја зајакнат одбраната на Украина, пренесува Ројтерс.
На средбата со Зеленски, на маргините на самитот на светските лидери на Г7, Бајден рече дека пакетот воена помош вклучува муниција, артилерија и оклопни возила.
Францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на Г7 во Хирошима изјави дека состанокот во Јапонија е можност да се убедат земјите во развој како Индија и Бразил да ја поддржат Украина.
Макрон разговараше со новинарите еден ден откако рече дека изненадувачкото пристигнување на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Хирошима на самитот на Г7 е „менување на играта“, според извештајот на Ројтерс.