БАРИКАДИ И СИРЕНИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Револот и тензии заради апсењето на полицаецот Дејан Пантиќ
Во Јариње утрово
е уапсен полицаецот Дејан Пантиќ (56) од Косовска Митровица, Србин кој бил
интегриран припадник на косовската полиција. Во знак на протест, а за да не
биде одведен во Приштина, Србите од северот на Косово почнаа да се собираат и
да поставуваат барикади, пишува „Косово онлајн“.
Како што
наведуваат, Србите не сакаат да дозволат уапсениот полицаец да биде однесен во
Приштина. Граѓаните се собрани на влезот и излезот од селата Лепосавиќ, како и
во Рудар и Србовац кај Звечани.
Според порталот, граѓаните
за упасениот полицаец изјавуваат дека станува збор за човек без дамка во
кариерата, кој не учествувал во воените дејствија на Косово.
Се огласи и
директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, кој рече дека Пантиќ е уапсен
денеска на административниот премин Јариње.
Како што појасни,
Дејан, пишува порталот, тој и неговата сопруга денеска во утринските часови
отишле во Рашка поради приватни обврски, без проблеми го поминале преминот и на
враќање косовските полицајци му ставиле лисици на рацете и го одвеле во
полициска станица во близина на преминот“.