Ангела Меркел ги призна своите грешки
Иако се смета дека екс германската канцеларка Ангела Меркел, можела да ја запре војната во Украина, доколку беше на чело на Германија, сепак таа не го мисли истото.
Меркел признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија.
„Требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија“, вели Меркел во интервјуто за најновото издание на седмичникот „Ди Цајт“ што ќе излезе утре.
Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два oтсто од својот бруто домашен производ за одбрана.
Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток 2“.